10.8 C
Skopje
сабота, 7 февруари 2026

Гвардиола: Ако јас бев тренер на Реал, ќе ме отпуштеа за шест месеци

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, ја изрази својата поддршка за Чаби Алонсо и изрази уверување дека тој ќе може да ја врати ситуацијата во Реал Мадрид, иако призна дека резултатите кои ги постигна на чело на Граѓаните минатата сезона во Мадрид би го чинеле отказ.

Гвардиола, кој го тренираше Чаби Алонсо во Баерн Минхен, имаше интересен коментар.

„Секако дека чувствувам сочувство бидејќи бевме заедно година и половина, две. Беше неверојатно искуство да работам со него. Не само како тренер, споделувавме многу работи, вклучително и лични моменти. Но, Барселона и Реал Мадрид се најтешките клубови за кои можеш да бидеш тренер. Таму е тешко поради притисокот и атмосферата. За тоа што направив со Сити минатата сезона, таму би ме отпуштиле по шест месеци. Реал Мадрид е тешко место за секој тренер. Но, тој е свесен, бил тука и ја знае реалноста. Прашањето е да освојуваш натпревари“, изјави Пеп Гвардиола, во пресрет на денешното дерби на „Бернабеу“ во Лигата на шампионите.

- Оглас -

Најнови вести