Гвардиола: Ако не го победиме Челзи, ќе биде готово, сите во Англија го знаат тоа

Менаџерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола, верува дека неговиот тим има шанса да биде првак на Премиер лигата само ако ги добие сите осум натпревари до крајот на сезоната и дека немаат право на никаква грешка.

Вечерва Граѓаните имаат тешко гостување кај Челзи, а Гвардиола вели дека ако не победат, тоа ќе биде крај на нивната трка за титулата.

„Ако не победиме на Стемфорд бриџ, а тоа не е лесно место за гостување, можеби нема да им потреба од прес-конфереција пред мечот со Арсенал, трката за титулата ќе биде готова. Јас го знам тоа, вие го знаете, играчите го знаат, сите во Англија знаат. Ако сакаме титула мора да победиме на сите натпревари, не смееме да имаме ни нерешено, заборавете на тоа“, рече Гвардиола.

Сити во минатото знаел да има големи победнички серии кои му носеле титули, но се чини дека сега е периодот кога ќе се решава трката, бидејќи после гостувањето кај Челзи, следниот викенд на Сити му следува домашен меч со лидерот и директен ривал Арсенал. Ако не ги добијат овие два меча, Граѓаните може да се простат од титулата.

Арсенал има девет бодови предност, но Манчестер сити има одиграно два меча помалку.

- Оглас -

Најнови вести