Јирген Клоп и Жозе Мурињо не можеа, а да не ја искоментираат одлуката на Арбитражниот спортски суд во Лозана да се укине суспензијата на Манчестер сити за неиграње во натпреварите на УЕФА во следните две сезони. Клоп изјави дека тоа е лош ден за фудбалот, додека Мурињо се чудеше како може клуб кој не е виновен да плати висока парична казна.
На овие изјави на тренерите на Ливерпул и Тотенхем, имун не остана стратегот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола.
„Ако сакаат нешто да ми кажат, тука сум, слободно нека ме побараат. Ми го знаат телефонскиот број. Јас ќе им објаснам како стојат работите. Решението на Судот е јасно, а тоа е дека ние не сме направиле ништо недозволено. Многу сум среќен што ќе играме во ЛШ и следната година. За такво нешто ние се изборивме со игрите на терен. Во целата ситуација ние бевме оштетени и на нас требаше да ни се извинат“, рече Гвардиола.
Манчестер сити вечерва игра против Борнмут во меч кој е многу поважен за гостите, затоа што тие се борат за опстанок додека Граѓаните го имаат обезбедено второто место на табелата. За тоа каква е традицијата и што велат меѓусебните дуели на овие два тима, може да прочитате ТУКА.