Гвардиола: Ако сакате да ја освоите Лигата на шампионите, мора да го победите Реал Мадрид

Фудбалерите на Манчестер сити вчера во реваншот од четврфиналето во Лигата на шампионите одиграа 1:1 против Баерн Минхен и со вкупен резултат 4:1 се пласираа во полуфиналето, каде што ги очекува вистински спектакл, нов двомеч со Реал Мадрид.

Граѓаните и Кралевите и минатата година се сретнаа во полуфиналето, првиот дуел заврши со триумф на англискиот тим од 4:3, а во реваншот на „Сантијаго Бернабеу“, славеше Реал Мадрид со 3:1 и се пласира во финалето, каде што победи уште еден англиски тим, Ливерпул со 1:0.

Менаџерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола, смета дека Реал Мадрид е тестот на шампионскиот карактер на неговите фудбалери.

„Мислам дека сите клубови имаат исто чувство, ако сакате да ја освоите Лигата на шампионите, мора да го победите Реал Мадрид. Некогаш тоа важеше за Барселона, но сега Кралевите се тие кои се прашуваат. Среќен сум што трета година по ред ќе играме во полуфиналето. Вкупниот резултат од 4:1 не ја покажува вистинската слика на тоа што се случуваше на теренот, Баерн беше добар противник. Импресиониран сум, во ова натпреварување сè е во деталите“, изјави Гвардиола.

- Оглас -

Најнови вести