Гвардиола: Ако се случи тоа, на крајот на сезонава ја завршувам кариерата!

Менаџерот на Манчестер сити и еден од најтрофејните тренери во историјата на фудбалот, Пеп Гвардиола, изјави дека доколку неговиот тим и сезонава освои тројна круна, тој ќе ја заврши кариерата.

„Ако ја освоиме тројната круна и сезонава, ќе се пензионирам. Тоа е сигурно. Знам дека е многу тешко. Имало многу неверојатни тимови во Англија, но само Манчестер јунајтед со Алекс Фергусон и ние лани го направиме тоа“, изјави Гвардиола.

Минатата сезона Сити ги освои Премиер лигата, ФА купот и Лигата на шампионите, а Гвардиола стана првиот тренер во историјата со две тројни круни. Првата му беше со Барселона во сезоната 2008/09.

- Оглас -

Најнови вести