Гвардиола: Апсурдно е да се надеваме на четири титули сезонава

Манчестер сити вечерва игра против Вулверхемптон во меч од 22-рото коло на англиската Премиер лига. „Граѓаните“ се големи фаворити за освојување на трите бода, со кои ќе останат најблиску до лидерот во првенството, Ливерпул. Пред дуелот, тренерот на актуелниот англиски првак, Пеп Гвардиола, вели дека искрено не верува дека неговиот тим оваа сезона може да има историска сезона и да ги освои сите четири титули.

Сити речиси сигурно ќе игра во финалето на Лига купот, дел е од осминафиналето во Лигата на шампионите, а ќе игра и во четвртиот круг од ФА купот. Во првенството е во трка за одбрана на тронот.

„Нема шанси да бркаме четири титули. Апсурдно е да се надеваме на такво нешто. Нашата цел е да победиме на следниот меч“, рече Гвардиола.

Со евентуална победа против Вулверхемптон, Сити ќе дојде до 53 бодови, односно би имал само четири помалку од лидерот Ливерпул.

 

 

- Оглас -

Најнови вести