Пеп Гвардиола, менаџерот на Манчестер сити, го најави големото дерби против лидерот во Премиер лигата, Арсенал, потенцирајќи ја тежината и значењето на натпреварот.
По убедливата победа од 0-3 против Челси, Гвардиола не штедеше пофалби за ривалот.
„Ќе играме против тим кој на 49 натпревари има само три порази, а во Лигата на шампионите е без ниту еден. Тоа доволно говори за нивниот квалитет“, изјави Пеп Гвардиола.
Тој се осврна и на претходните натпревари, нагласувајќи дека неговиот тим често бил потценет.
„Во финалето на Карабао купот бевме целосни аутсајдери. Немаше човек во оваа земја кој би се обложил на нас, а сепак покажавме дека можеме да бидеме подобри“, додаде стратегот на Сити.
Во моментов, Арсенал има предност од шест бода на врвот, но со одигран натпревар повеќе од Манчестер сити, што дополнително ја зголемува неизвесноста.
Големото дерби меѓу Манчестер сити и Арсенал е закажано за следната недела од 17:30 часот и се очекува да има огромно влијание врз разврската во трката за титулата во Премиер лигата.

