Манчестер сити вечерва гостува во Данска на Копенхаген, во меч од четвртото коло од Лигата на шампиони. Граѓаните со победа сигурно ќе обезбедат место во нокаут фазата од елитното натпреварување.
На прес конференцијата пред мечот, тренерот на Сити, Пеп Гвардиола беше изненаден од барањето на еден дански новинар. Додека го поставуваше микрофонот, новинарот искористи шанса да го праша Гвардиола дали ќе му дозволи да направат едно селфи.
Шпанскиот тренер делуваше збунето од барањето на новинарот, но му ја исполни желбата на новинарот и направија селфи.