Гвардиола без милост кон скапоплатената ѕвезда: Не е доволно паметен да игра во средниот ред

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, изрази разочарување кога се работи за португалскиот играч за врска Матеус Нуњес. Португалецот беше доведен во Сити како замена за Родри Ернандес, но Гвардиола вели дека Нуњес „не е доволно интелигентен“ да ја има улогата на креатор на играта во средниот ред. Поради тоа, Нуњес е преместен во дефанзивниот ред и тоа како десен бек, каде што очекува да биде најкорисен.

„Тој може да биде одличен десен бек поради својата физичка градба. Мислам дека не е играч кој може да се користи во средниот ред затоа што не е доволно паметен и нема простор за смиреност“, рече Гвардиола за Нуњес веднаш по дербито со Манчестер јунајтед кое заврши 0:0.

Нуњес пристигна во Сити во 2023 година од Вулверхемптон, а за неговиот трансфер беа платени 60 милиони евра.

Манчестер сити сезонава ги има најлошите резултати откако е тренер Гвардиола. Граѓаните се на петтото место на табелата со 52 бода.

- Оглас -

Најнови вести