Гвардиола: Боно имаше неверојатни одбрани, се враќаме дома да одмориме

Менаџерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола, после поразот од Ал-Хилал во осминафиналето на Светското клупско првенство не сакаше да го критикува својот тим кој беше голем фаворит за победа, но загуби.

„Во вакви фази сите натпревари се тешки. Им дозволивме на нашите противници да играат во транзиции. Создадовме многу шанси и бевме добри во целина. Создадовме многу шанси, но Боно имаше неколку неверојатни одбрани. Немам што повеќе да кажам. Имам чувство дека тимот се справува добро, но се враќаме дома и сега е време да се одмориме, да ги разбистриме главите и да се подготвиме за следната сезона“, изјави Гвардиола.

- Оглас -

Најнови вести