Гвардиола: Честитки до Ливерпул, имаме илјада милиони бодови помалку од нив!

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, му честиташе на Ливерпул за титулата во Премиер лигата и зборуваше за сезоната за Граѓаните.

Гвардиола беше прашан дали сезоната ќе ја смета за успешна ако во лигата завршат во топ 5 и го освојат ФА купот?

„Не! Оваа сезона не може да се нарече добра. Заостануваме илјада милиони бодови зад Ливерпул, што не е добро. А, погледнете во Лигата на шампионите, колку натпревари победивме таму? Еден? Два? Секогаш сме биле машина, но оваа сезона не сме доволно добри. Клубот треба да донесе правилни одлуки за да биде подобра следната сезона“, изјави Гвардиола.

Гвардиола му честиташе на Ливерпул за освоената титула.

„Во мое име и во име на целиот клуб, би сакал да му честитам на Ливерпул за освојувањето на Премиер лигата. Го заслужиј тоа, без сомнение. Неверојатен тим. Се надеваме дека следната сезона ќе се бориме за титулата“, рече Гвардиола.

- Оглас -

Најнови вести