Прославата на шампионската титула толку многу го израдува тренерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола, што тој си го одврза јазикот и даде ексклузивна изјава за „ББЦ“ во која кажа дека Серхио Агуеро е блиску до договор со Барселона и таму ќе игра заедно со Лионел Меси.
„Можеби ќе откријам тајна. Можеби Агуеро е блиску до договор со клубот кој е во моето срце, Барселона. Тој ќе игра заедно со најдобриот на сите времиња Меси, и сигурен сум дека ќе ужива, и мојата Барселона ќе ја направи посилна“ – рече Гвардиола.
Со ова, не само што си засили шпекулациите дека некогашниот голгетер на Атлетико Мадрид и прв стрелец во историјата на Сити ќе се пресели во каталонскиот гигант, туку најавува и дека Меси нема да си замине од клубот со кој му истекува договорот на крајот на јуни и во кој ја мина целата кариера. Сити беше еден од најзаинтересираните за Меси, но изгледа кренале раце од обидот да го ангажираат.
https://www.youtube.com/watch?v=ManKAfRz_dc