Гвардиола даде ветување: Ќе победиме на следниот натпревар

Манчестер сити е во најлоша низа откако на клупата е седнат Пеп Гвардиола во 2016 година. Пет порази по ред во сите натпреварувања имаат Граѓаните, со што е англискиот првак повтори еден неславен рекорд на Челзи уште од далечната 1956 година.

По последниот пораз од Тотенхем и тоа на свој терен со убедливи 0:4, тренерот на Сити, Пеп Гвардиола, вети дека неговиот тим конечно ќе почне да игра многу подобро и повторно да победува.

„Во осум години колку што сум тука, никогаш претходно не сум бил во ваква ситуација. Мора да го прифатиме тоа што ни се случи, но мора да дојде крај. Мора да победуваме на следните натпревари, посебно на следниот што доаѓа. Ќе победиме“, рече Гвардиола.

За Сити сега следува предизвик во Лигата на шампиони и тоа на свој терен кога на 26 ноември ќе го пречекаат Феенорд. Сити на последната победа се израдува на 26 октомври кога со 1:0 го победија Саутемптон.

- Оглас -

Најнови вести