-1.2 C
Skopje
петок, 19 декември 2025

Гвардиола: „Дали ќе останам во Сити? Којзнае, можеби ќе си заминам на 75 години“

Менаџерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола, даде остар одговор на новинарско прашање за неговата иднина во англискиот клуб со кој има договор до летото 2027.

„Во последните три или четири години, ми го поставувате ова прашање во одредени моменти. Порано или подоцна ќе заминам, можеби ќе го напуштам Сити на 75 или 76 години. Ми остануваат уште 18 месеци до истекот на договорот. Соработуваме многу тесно со клубот кога станува збор за одлуките што треба да ги донесеме, па што и да се случи, ќе се случи. Секако, клубот мора да биде подготвен за сè. Но, во моментов, тоа не е тема на дискусија. Дали ќе останам во Сити следната сезона? Веќе двапати одговорив на тоа прашање! Којзнае, дури и да имам договор од 10 години или 6 месеци, фудбалот е многу променлив. Во моментов сум фокусиран на натпреварот со Вест Хем, а потоа ќе одам да го видам татко ми и ќе играме голф“, рече Гвардиола кој на клупата на Граѓаните е уште од 2016 година.

- Оглас -

Најнови вести