Гвардиола денеска најмногу се плаши од Карло Анчелоти

Доаѓањето на Карло Анчелоти на клупата на Евертон дефинитивно позитивно влијаеше за Карамелите. Со италијанскиот стратег на чело, Евертон спои две победи во низа и сега е сигурен во средината на табелата. Следниот предозвик за момците на Анчелоти е денеска и тоа на гости кај Манчестер сити.

Граѓаните сезонава не играат убедливо како во претходните две години, па затоа и на свој терен претрпеа два порази, а имаат и едно реми во 10 средби. Менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола знае дека најголемата опасност денеска ќе им биде токму од клупата на гостите, каде што ќе седи Анчелоти.

„Евертон сезонава не започна добро и се мачеше за да освојува бодови. Но во тимот имаат искуство, а сега со новиот тренер се на едно ниво погоре. Анчелоти е тренер со огромен капацитет. Тој е еден од најпаметните во фудбалот. Без разлика со каков состав располага, тој секогаш знае да ги натера играчите да работат на најдобар можен начин и да постигнат големи резултати. Ова ќе биде тежок испит за нас“, рече Гвардиола во пресрет на дуелот кој се игра од 18:30 часот во Манчестер.

Сити има четири победи во низа против Евертон, но сигурно сега нема да им биде лесно да стигнат до трите бода.

 

- Оглас -

Најнови вести