Гвардиола десет години не бил во финале, а Манчестер сити никогаш не стигнал дотаму

Менаџерот на Манчестер сити, Хосеп Гвардиола, изјави дека реванш-натпреварот од полуфиналето против ПСЖ ќе биде најтежок за неговиот тим во оваа сезона. Граѓаните победија со 2-1 во Париз на првиот меч и се наоѓаат на чекор од за нив историски прв пласман во финале на ЛШ. Гвардиола цела деценија чека финале, уште од 2011, кога ја водеше Барселона, не стигнал до финале и европски трофеј.

„Од искуство знам дека реванш во полуфинале секогаш е многу тежок. Влегувате во меч свесни за резултатот од првиот меч, мислите ви се кон финалето и понекогаш заборавате што треба да направите. Затоа реваншот е психички многу напорен. Не смееме да дозволиме емоциите да надвладеат. Мора да останеме смирени. Финалето е нешто сосема друго“, вели Гвардиола.

Гвардиола по осми пат во кариерата доаѓа до полуфинале, но првпат со Манчестер сити. Од седумте претходни полуфиналиња, четири со Барса и три со Баерн, дури петпати беше елиминран. Во финале стигна само во 2009 со чудесниот гол на Иниеста на гости против Челзи, во меч на кој Каталонците имаа помош од судијата Овребо, и во 2011, кога исто така се искачи на тронот.

- Оглас -

Најнови вести