Гвардиола: До сонцето е, да беше сончево во ноември, уште во јануари ќе бевме шампиони

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, има интересна теорија дека неговиот тим игра добро секоја пролет поради сонцето. 

Граѓаните со победата над Челзи ја намалија разликата во однос на лидерот Арсенал на шест бодови, а кој Сити има и еден меч помалку и следниот викенд го пречекуваат Арсенал, па ако ги добијат двата натпревари – оној заостанатиот и меѓусебниот дуел со Топчиите, ќе имаат израмнет број на бодови. 

„До сонцето е…“ рече Пеп и ги изненади новинарите на прес-конференцијата во Лондон.

Тој ги потврди своите зборови, велејќи дека е сериозен: „Не, не се шегувам. Во Манчестер никогаш нема сонце. Да имаше сонце во ноември, ќе бевме шампиони на Премиер лигата во јануари. Сонцето е причина за подобрените перформанси, искрено. Расположението е подобро кога има сонце…“

Во врска со тоа дали Арсенал, кој оваа недела го игра реваншот од четвртфиналето на Лигата на шампионите против Спортинг Лисабон, ќе биде поуморен за решавачкиот натпревар против Сити, Пеп призна дека чувствува завист кон Топчиите.

„Би сакал и ние да игравме во средината на неделата, да бидам искрен. Би сакал. Би сакал да бидам на позицијата на Арсенал“, рече Гвардиола чиј тим испадна од ЛШ во осминафиналето. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести