Гвардиола: Добро е што победивме на „Стемфорд бриџ“, имам и една лоша вест

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, по победата на неговиот тим против Челзи истакна е задоволен што победиле на стадион на кој минатата сезона одиграа само нерешено (резултатот беше 4-4).

„Не можевме да победиме на Стемфорд Бриџ минатата сезона, така што денешната победа е добра вест. Лошата вест е што ни остануваат уште 65-70 натпревари до крајот на сезоната. Но, стартот со победа е добро за самодовербата. Имавме два-три дена да се подготвиме, но овој недостаток го решивме со нашата посветеност. Сите го дадоа на најдоброто од себе. Не можете да замислите колку сум среќен што го имам овој неверојатен тим“, изјави Гвардиола после победата во Лондон.

- Оглас -

Најнови вести