Пеп Гвардиола е избран за тренер на годината во Премиер лигата од страна на Здружението на фудбалските тренери на Англија. Шпанецот ова признание го заслужи со освојувањето на Премиер лигата, трет-пат по ред, но допрва треба да игра и во финалињата на Лигата на шампионите против Интер и во ФА купот против Манчестер јунајтед.
„Јас сум во неверојатен фудбалски клуб и без поддршката која ја имав во текот на оваа сезона, ова немаше да биде возможно“, краток беше Гвардиола откако ја прими наградата.
Во конкуренција за тренер на годината уште беа и: Микел Артета (Арсенал), Еди Хов (Њукасл), Винсан Компани (Барнли) и Стивен Шумахер (Плимут). За Гвардиола ова е трета ваква награда.