Гвардиола е опериран, нема да го води Сити на следните два натпревари

Европскиот шампион Манчестер сити следните два натпревари ќе биде без тренерот Пеп Гвардиола на клупата. Се работи за натпреварите против Шефилд јунајтед на гости и Фулам на домашен терен, двата во рамките на Премиер лигата.

Причината за отсуството на Гвардиола е оперативниот зафат кој го направи тренерот во Барселона поради големите болки што ги имаше во грбот. И дел од рехабилитацијата ќе ја мине во болницата во Барселона, а дури потоа ќе се врати во Манчестер.

Екипата на овие два натпревари ќе ја водат неговите асистенти.

- Оглас -

Најнови вести