Пеп Гвардиола ја откри мистеријата зошто Калвин Филипс не е во комбинација за настап за Манчестер сити против Лидс, во среда, во првиот меч за двете екипи во Премиерлигата по мундијалската пауза.
Филипс дошол на тренинг со вишок килограми што го шокираше Гвардиола, а шпекулациите беа дека е повреден.
„Не е повреден, туку се врати во тренинг кампот на Манчестер сити со вишок килограми. Не знам зошто е тоа така, но моментно не е во состојба нормално да тренира и да игра“, изјави Гвардиола.
Филипс беше едно од откровенијата во англиската репрезентација на последното Европско првенство, на кое Гордиот Албион загуби во финалето од Италија.
Манчестер сити одлучи да го купи и во јули годинава му плати на Лидс 42 милиони фунти, а Филипс потпиша шестгодишен договор.
Лидс очекува и бонуси од 3 милиони фунти, а токму против својот поранешен клуб Филипс нема да игра на 28. декември, поради вишок на килограми.