Менаџерот на новиот европски шампион Манчестер сити, Хосеп Гвардиола, одлучи во 2025 година да ги напушти Граѓаните, објави телевизијата ЕСПН.
Гвардиола на клупата на Манчестер сити седна во 2016 година и со Граѓаните освои вкупно 14 трофеи, а во саботата конечно дојде до трофејот во Лигата на шампионите.
ЕСПН објави дека по завршување на актуелниот договор со Сити, Гвардиола ќе го напушти тимот.
„Гвардиола сè уште не донесе одлука за неговата иднина, но планира уште две години да седи на клупата на Манчестер сити. Негова следна работа може да биде како селектор, бидејќи во клупскиот фудбал ги освои сите можни трофеи. Едно е сигурно, Гвардиола не сака да го продолжи договорот со Манчестер сити без разлика каква понуда ќе му биде ставена на маса“, објави ЕСПН.
Гвардиола пред Манчестер сити, ги тренираше уште Барселона и Баерн Минхен.