Гвардиола е спокоен: УЕФА нема да не исфрли од ЛШ, сега мислиме само на мечот со Челзи

Пеп Гвардиола е спокоен и сигурен дека драстична казна од УЕФА за Манчестер сити нема да има, а исфрлањето од Лигата на шампионите за него не доаѓа в предвид.

„Добив сигурни гаранции од нашите челници дека нема простор да бидеме загрижени. УЕФА нема да не казни, а сега сум загрижен само како да најдеме рецепт да го победиме Челзи“, изјави Гвардиола.

УЕФА и нејзиниот претседател Александер Чеферин најавија дека ќе има остри казни, а па дури и исфрлање од Лигата на шампионите за сите екипи без пардон, ако го прекршиле финансискиот фер-плеј.

Манчестер сити, односно неговото раководство е обвинето за нелегално вложување во клубот преку фирми кои не се поврзани со клубот, што е недозволено.

Сепак Гвардиола е сигурен дека нема да има драстична казна за неговиот тим, а Манчестер сити денеска има тежок тест на „Стемфорд Бриџ“ во Лондон против Челзи од 18:30 часот.

 

- Оглас -

Најнови вести