Гвардиола важи за супер тренер, ама дефинитивно е очаен возач

Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, важи за еден од најдобрите во својата работа, но во една друга сфера на животот, важи за голем малер и многу е неуспешен.

Шпанецот воопшто не е дисциплиниран шофер, а заклучокот може да се донесе според бројот на инциденти кои ги направил. Британскиот таблоид Сан пресмета дека штетата која ја направил Гвардиола откако почна да живее на Островот и работи во Сити, е голема.

Од февруари 2016 наваму, Гвардиола оштети четири автомобили. Тоа се Mercedes GLE кој вреди 80.000 фунти, Range Rover од 150.000 фунти, Bentley GTX700 од 200.000 фунти и Mini Cooper од 30.000 фунти.

Најголемата глупост му е кога на џипот Range Rover кој е дизелаш, му ставил бензин. Репутацијата на лош возач ја има уште од времето кога беше во Барселона. Велат дека страничните ретровизори на неговите коли не траат долго.

- Оглас -

Најнови вести