9.8 C
Skopje
четврток, 11 декември 2025

Гвардиола е воодушевен од напаѓачот на Реал: „Тој е сосема поинаков фудбалер“

Манчестер сити славеше со 1-2 на гостувањето кај Реал Мадрид, но Пеп Гвардиола имаше само пофални зборови за противникот, кој имаше сериозни проблеми со повредените фудбалери во пресрет на овој меч. Каталонецот посебно истакна еден фудбалер на Кралевите.

„Секогаш силно притискаат. Ставаат по петмина или шестмина играчи во нападот и брзо ја движат топката. Во првото полувреме силно нѐ притискаа, многу повеќе отколку во второто. Но, работата е само во притисокот и да ја чуваш топката. Родриго… Тој е толку добар. Ова момче е потполно поинаков фудбалер. Мило ми е што се врати. Многу, многу е добар“, рече Гвардиола.

Токму Родриго е еден од фудбалерите кој е на излезна врата од „Сантијаго Бернабеу“, па можеби оваа изјава на Пеп Гвардиола е најава дека Манчестер сити ќе тргне по потписот на Бразилецот во јануари.

- Оглас -

Најнови вести