Освен премиерлигашки фудбал, викендов во Англија ќе се игра и полуфиналето на ФА купот. Во недела на „Вембли“, Манчестер сити ќе се обиде преку Нотингем форест да стигне до финалето, а со тоа и на чекор од освојување на трофеј, што може колку толку да ја спаси сезоната за „граѓаните“.
„Имаме тежок и квалитетен противник. За навивачите на Нотингем форест помина многу време од нивното последно полуфинале во ФА купот. Нуно Еспирито Санто направи нешто неверојатно со Вулс минатата сезона, кога играа во Лигата на Европа, а сега го прави истото и со Форест. Се восхитувам на нивната одбрана и на нивниот дух. Силни се во транзицијата, имаат врвни фудбалери во нападот. Сопственикот инвестира во врвни фудбалери и затоа тука се и резултатите. Ние прво мора да стигнеме до финалето. Многу натпревари оваа сезона не беа добри за нас. Ако го освоиме ФА купот, ќе избегнеме уште поголема штета за клубот, но сепак, според мене најважна е Премиер лигата. Таму се покажува колку е добра една сезона. За нас не е добра, но можеше да биде и уште полошо. Сега се е во наши раце, можеме да стигнеме до финалето на ФА купот и трета сезона по ред.“ – рече тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола.
Во второто полуфинале, кое на програмата е во сабота, се среќаваат Кристал палас и Астон вила.