Мечот против Кристал палас е последната шанса за Манчестер сити да освои трофеј оваа сезона. Откако одиграа катастрофално во Премиер лигата, сега имаат шанса за славје во ФА купот, но како што вели Пеп Гвардиола, ова натпреварување воопшто и не било приоритет за нив, но сега веќе работите се променети.
„Проблемот е што ни остана само ФА купот. Секако дека сакаме да го освоиме трофејот. Веќе сме во финалето, зошто и да не победиме. Многу е важно за нас да го освоиме ФА купот, бидеји минатата година загубивме во финалето и бевме многу разочарани. Знам дека овојпат ќе играме далеку подобро. ФА купот е голем турнир и ова е чест за нас. Третпат по ред сме во финалето и мора да бидеме на високо ниво. Одиме во Лондон по трофејот. Кристал палас се одлична екипа и имаа добри резултати во вториот дел од сезоната.“ – вели Пеп Гвардиола пред денешното финале од ФА купот на Англија.