Фудбалерот за врска на Баерн Минхен, Александар Павловиќ, е желба на Манчестер сити, поради што, според германските медиуми, во редовите на Баерн расте загриженоста.
Наводно се разгледува можноста да му се понуди нов договор на Павловиќ, иако актуелниот му истекува дури за четири години, што им дава добра преговарачка позиција и можност да бараат висока отштета.
По повредата на Родри, стана јасно колку е важен Шпанецот за играта на Сити, а Нико Гонзалес, кој минатата зима пристигна од Порто, не се покажа како адекватна замена. Затоа потребата од ангажирање нов фудбалер за врска за да се обезбеди стабилност во средината на теренот е очигледна, а како главен кандидат во очите на Пеп Гвардиола се издвојува младиот Германец со српско потекло.
Павловиќ многу брзо се наметна во Баерн, но и во германската репрезентација, каде го прекина конзистентниот тандем составен од Леон Горецка и Џошуа Кимих.