На Манчестер сити не му значи вечерашното гостување кај Црвена ѕвезда од Лигата на шампионите, а тоа се докажува и со стартниот состав со кој актуелниот европски првак ќе истрча на „Рајко Митиќ“ во Белград.
Во нападот е младиот Мика Хамилтон, кој ќе има деби за првиот тим на Сити, на голот е Ортега Морено, ретко кој слушнал и за Оскар Боб, а од составот кој играше викендов против Лутон, стартери се само Грилиш и Ковачиќ. Халанд, Едерсон, Доку и Де Бројне не ни отпатуваа во Белград, додека останатите ѕвезди се на клупата за резерви.