Менаџерот на Манчестер сити и еден од најдобрите тренери на светот, Хосеп Гвардиола, смета дека топките со кои се игра англискиот ФА купот не се добри. Сити вчера на дуелот со Плимут имаше 20 шута надвор од рамките на голот, Граѓаните имаа проблем со прецизноста, а за Гвардиола проблемот е во топките.
„Знам дека многу години играчите и менаџерите се жалат. Има голема разлика во споредба со топките со коишто се игра во Лигата на шампионите и во Премиер лигата, тие се одлични, оваа не е добра. Кога од страна ќе ја шутнете топката со внатрешниот дел од копачката, таа нормално треба да фати лак и да оди кон голот, а овие топки не вртат, туку одат право и излегуваат во гол-аут. Тешко е да ја контролирате. Извинете, но топките во ФА купот не се соодветни“, рече Гвардиола.
На мечот од Премиер лигата во средбата на февруари, кога го победија Њукасл со 4-0, тимот на Манчестер сити имаше 11 шута, од кои 7 во рамките на голот, а само четири отидоа над пречката или покрај стативата.