Манчестер сити е во потрага по модерна десетка за следната сезона. Прв избор на Граѓаните е Флоријан Вирц од Баер Леверкузен, но се чини дека фудбалерот нема намера да се пресели во Премиер лигата и сака да игра за Баерн Минхен, па сега погледите на Пеп Гвардиола се насочени кон неговата татковина.
Голема желба на Каталонецот е Дани Олмо, фудбалерот на Барселона за кого се водеше вистинска судска битка околу неговата регистрација. Каталонците го купија од Лајпциг минатото лето за 55 милиони евра, плус дополнителни бонуси, а неговата вредност во моментов е 60 милиони евра.
Манчестер сити е подготвен да ја плати оваа сума, но Барселона веројатно очекува и многу повеќе за фудбалерот кој има активен договор до 2030 година. Сепак, во моментов е тешко за верување дека новиот шампион на Шпанија ќе се одлучи на ваков потег и ќе се откаже од услуги од еден од своите најдобри фудбалери.
Дани Олмо оваа сезона за Барселона во сите конкуренции одигра 36 натпревари, со ефект од 11 гола и шест асистенции.