Гвардиола го гледаше НБА-финалето и беше задоволен од исходот

Еден од најдобрите фудбалски стручњаци на светот и актуелен тренер на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, беше присутен на првиот меч од големото НБА-финале, а средбата во „ТД Гарден“ во Бостон ја следеше од првиот ред, веднаш покрај теренот.

Пред мечот, имаа разговор при што Гвардиола, кој има искуство со финалиња, му објаснуваше нешто на Мацула, кој сакаше да прима совети иако Пеп му е колега од еден друг спорт. Сепак, во финални мечеви решаваат и работи како психологија, па Мацула рече дека секој совет и помош му се добредојдени.

 

Гвардиола не случајно се најде таму. Тој е пријател со тренерот на Селтикс, Џо Мацула. Вака Пеп му возврати на Мацула за посетата која тој ја имаше во февруари, когасе појави во тренинг-центарот на Манчестер сити и одблиску се запозна со шампионскиот тим од Премиер лигата.

Двајцата тренери тогаш позираа за слика на која Мацула се појави облечен во светлосиниот дрес на Сити со бројот 21, додека Гвардиола носеше зелен дрес на Бостон селтикс со број 4.

- Оглас -

Најнови вести