Гвардиола: Го испивме целиот алкохол во Манчестер, а 40 часа подоцна покажавме зошто сме шампиони

Манчестер сити ремизира 1:1 на гостувањето кај Брајтон во дуел кој немаше големо значење за Граѓаните затоа што тие од претходно беа крунисани за старо-нови прваци во Премиер лигата. Тренерот на Сити, Пеп Гвардиола, беше презадоволен од залагањето на неговите играчи, посебно затоа што Брајтон е сериозен ривал, а фудбалерите на Сити неполни два дена пред овој меч лудо ја прославуваа титулата.

„Фантастичен натпревар. Честитки за Брајтон, заслужено се изборија за место во Лигата на Европа. Одиграа одличен меч. Што се однесува до нас, мислам дека го испивме целиот алкохол во Манчестер, а 40 часа потоа покажавме зошто сме шампиони. Не се забележа пад во нашиот интензитет на играта. Тоа само повторно покажува што направивме оваа сезона. Победувавме на терен, никој ништо не ни подари“, рече Гвардиола.

- Оглас -

Најнови вести