Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, повеќе од јасно стави до знаење дека веќе не смета на Џек Грилиш. Поранешниот играч на Астон вила е изоставен од составот на Сити за Светското клупско првенство.
Во составот се вклучени неодамнешните засилувања Рајан Аит-Нури, Тиџани Рајндерс, Рајан Шерки и Маркус Бетинели.
Го нема Грилиш, го нема ни Кевин де Бројне и покрај тоа што Белгиецот има договор до 30 јуни. Тој е блиску до потпишување договор со Наполи. Кајл Вокер, кој се врати од позајмица во Милан, исто така не е во составот.
Човекот од 100 милиони фунти (во 2021 година Сити плати толку за да го донесе од Астон вила), кој има уште две години од договорот, веќе некое време е надвор од плановите на Гвардиола. Клубот сака да се раздели со него ова лето, но проблем е огромната плата и пореална опција е Грилиш да се испрати на позајмица, а Манчестер Сити да продолжи да плаќа дел од неговата плата.
Грилиш летово ќе наполни 30 години, а целта му е да игра на Светско првенство следната година, а за да ја добие посакуваната минутажа, ќе му треба нов клуб. Интерес има од неколку премиерлигаши.