Гвардиола го изнасмеа полицаецот: Нема сликање со мене штом ми пиша казна! (Видео)

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, доби казна за погрешно паркирање на двојна жолта линија, а еден случаен минувач сними интересна конверзација меѓу тренерот и сообраќајниот полицаец кој му ја пиша казната на трофејниот шпански тренер.

Во Британија не помага тоа што некој е славна личност, правилата важат за сите, па Гвардиола ќе мора да плати. Сообраќаецот побара од Гвардиола да се фотографираат, а одговорот на шегаџијата Пеп беше: „Треба да платиш за да се сликаш со мене“.

Полицаецот се изнасмеа, а Гвардиола го зеде ливчето со казната и замина со автомобилот.

https://twitter.com/i/status/1693670582418649101

- Оглас -

Најнови вести