Гвардиола го кажа она што сите го мислиме: Се губи суштината на спортот

Јасно е дека Суперлигата е главна тема во фудбалскиот свет, кој буквално се потресе од одлуката на 12-те најбогати клубови да формираат посебно елитно натпреварување.

Мнозинстовото е против оваа одлука, додека и голем дел од познатите спортски работници застанаа на страната на фудбалот да остане каков што е. Меѓу нив е и Пеп Гвардиола, менаџерот на тимот кој е еден од 12-те основачи на Суперлигата, Манчестер сити.

Шпанскиот стратег искрено говореше на оваа тема, а го кажа она што сите го мислиме.

„Не сум запознаен целосно со ситуацијата, не знам зошто токму овие клубови се одлучија на ваков потег. Но, она што е јасно е дека со Суперлигата се губи суштината на спортот. Фудбалот нема да биде спорт доколку успехот ви е загарантинран, кога се губи врската меѓу трудот и наградата за самиот труд. Фудбалот нема да биде спорт доколку ќе стане неважно дали победувате или не. Не е фер кон тимовите кои се борат за врвот, а нема да бидат наградени со пласман во елитата бидејќи тие места им се гарантирани на други клубови. Па, што ќе биде со екипите кои би имале последователни лоши сезони, а сепак редовно ќе играат во Суперлигата, која е поентата?“, посочи Гвардиола и додаде:

„Ситуацијата околу Суперлигата мора да им се објасни на сите коие се инволвирани и да се знае зошто се донесени такви одлуки. Исто така ме мачи фактот што гигант како Ајакс не е поканет покрај толку успеси низ историјата. Ве молам тоа да ми го објасните“, заврши Пеп.

- Оглас -

Најнови вести