Гвардиола го расипа славјето на „Етихад“, најави дека догодина може ќе си оди од Сити

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, даде изјава дека во следното лето во 2025 година кога му истекува договорот, поголеми се шансите да си замине, отколку да остане во клубот.

Ова делуваше шокантно за многу фанови на Граѓаните и јаа олади еуфоријата при славјето на исторската четврта титула по ред. Гвардиола лани велеше дека ќе си оди во 2024 ако ја повторат тројната круна, но нема ништо од тројна круна.

„Останувам следната сезона, а за потоа ќе видиме. Реалноста е дека сум поблиску до заминување, отколку до продолжување на договорот после 2025. Ќе разговараме во текот на сезоната и ќе видиме што ќе се случи“, рече Гвардиола кој со Сити има шест титули во Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести