Гвардиола го спореди Мурињо со Мајкл Џордан

Манчестер сити утре ќе гостува во Лондон на мегдан кај Тотенхем, во мечот кој е дерби на колото во Премиер лигата. Граѓаните речиси се помирени дека на крајот од сезоната ќе мора да го предадат тронот на Ливерпул, но затоа борбата со Лестер за второто место е голема. Тотенхем заостанува дури 17 бода зад Сити, но лондонскиот тим е во трка за место кое води во Лигата на шампиони.

Токму мечот со актуелниот шампион ќе биде голем тест за Тотенхем да покаже дали има квалитет да биде во Топ 4 на табелата. Во 12 меча, лондончани на свој терен имаат седум победи сезонава. Сити загубил само три пати во 12 гостувања и е екипата со вториот најдобар биланс на гости зад Ливерпул.

Ова дерби во Премиер лигата ќе биде и дуел на двајца истакнати тренери. Пеп Гвардиола и Жозе Мурињо многу добро се познаваат уште од времето кога водеа битки во шпанската Примера дивисион. Пеп беше на чело на Барселона, а Мурињо го предовдеше Реал Мадрид. Запрашан за квалитетите на Жозе, Гвардиола имаше само пофални зборови.

„Мора да ја гледате целата кариера на Мурињо и што направил во последните 15-20 години. Тоа има голема вредност. Не може да се гледа квалитетот на менаџерот од само еден меч или една сезона. Мурињо е на сцената веќе 20 години и тоа мора да се почитува. Тешко е секогаш да бидеш на врвот. Во спортот повеќе пати ќе загубиш отколку што ќе победиш. Мајкл Џордан има шест титули во НБА, повеќе пати губел, отколку што победувал, но се работи за еден од најдобрите спортисти. Затоа јас сум еден од оние кои секогаш се восхитувал на тоа што го направил Мурињо“, рече Гвардиола за својот следен ривал.

 

- Оглас -

Најнови вести