Гвардиола: „Грилиш и Фоден не се чувствуваат добро, среќа за нас што пет екипи ќе играат во ЛШ“

Манчестер сити во сабота на домашен терен го пречекува Кристал палас во меч од Премиер лигата, а патот до Лигата на шампионите сега им е олеснет откако се дозна дека Англија доби дополнително место, па и петтопласираниот ќе игра во елитното натпреварување.

Сепак, во пресрет на мечот против Кристал палас, Пеп Гвардиола е загрижен за состојбата на Џек Грилиш и Фил Фоден, откако првиот беше физички нападнат на мечот против Јунајтед, а вториот вербално.

„И двајцата не се чувствуваат добро, но мора да продолжиме понатаму. Вакви работи се случуваат насекаде. Светот е луд. Низ целиот свет, луѓето имаат проблеми и никој не може да ги заобиколи. Тука не станува збор за Манчестер јунајтед, бидејќи тие не се виновни за човекот кој го удри Џек. Овие луѓе не го претставуваат Јунајтед. Ова не е проблем само за нас, туку за сите екипи. Добро е што ќе имаме пет екипи во Лигата на шампионите следната сезона. Ова е добро со оглед на проблемите кои ги имаме со повредите. Сепак, седум или осум екипи претендираат за овие места. Се ќе се одлучува во последен момент. Немавме соодветен состав во текот на целата сезона, па моравме да се адаптираме. На ова може да гледаме како на проблем или како на предизвик. Многу луѓе гледаат на нашиот пласман како на катастрофален, но можеше да биде и уште полошо. Задоволен сум како излегуваме на крај во оваа ситуација.“ – рече Гвардиола.

- Оглас -

Најнови вести