12.8 C
Skopje
вторник, 4 ноември 2025

Гвардиола: Халанд е на нивото на Меси и Кристијано, само што тие…

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, верува дека Ерлинг Халанд го достигнал нивото на Лионел Меси и Кристијано Роналдо.

„Ерлинг прави разлика како да е Меси или Кристијано. Дали тој го достигна нивното ниво? Ги гледате ли бројките на овој човек? Да, секако дека е на нивно ниво во однос на головите што ги постигнаа Кристијано и Меси. Разликата е што тие го прават тоа веќе 15 години. Го гледате Меси кој сè уште постигнува два или три гола по натпревар во МЛС. Така е и со Кристијано во Саудиска Арабија. Но, тој е на тоа ниво и без него ќе ни беше тешко“, изјави Гвардиола. 

Халанд сезонава постигна веќе 26 гола во сите натпреварувања за клубот и за репрезентацијата.

- Оглас -

Најнови вести