11.8 C
Skopje
недела, 19 октомври 2025

Гвардиола: „Халанд е разочаран што не постигна четири или пет гола“

Ерлинг Халанд оваа сезона во дресот на Манчестер сити и на репрезентацијата на Норвешка веќе има постигнато 23 гола. Норвежанецот беше стрелец и на двата гола за „граѓаните“ во победата над Евертон, а Пеп Гвардиола на шега по мечот изјави дека напаѓачот е разочаран.

„Халанд е разочаран што не постигна четири или пет гола. Но, шегата настрана, не можеме да се потпираме само на него. Потребни ни се и другите играчи – крилата, офанзивните играчи од средниот ред, тие мора да направат чекор напред и да почнат да постигнуваат голови.“ – вели Гвардиола.

По осум кола во Премиер лигата, Халанд има постигнато 11 гола, а само трипати во историјата еден фудбалер има дадено двоцифрен број на голови по осум кола, и тоа секогаш бил токму Халанд. Освен оваа сезона, Норвежанецот имаше ваков ефект и во сезоните 2022/23 и 2024/25.

- Оглас -

Најнови вести