Гвардиола: И да го загубиме финалето, останувам во Сити

Хосеп Гвардиола на денешната прес-конференција во Порто пред утрешното финале во Лигата на шампионите, изјави дека без разлика на исходот од дуелот против Челзи, останува тренер на Манчестер сити. Со ова, Гвардиола става крај на шпекулациите дека можеби ќе ги напушти Граѓаните, и ги разочара фановите и раководството на Барселона кои сонуваа негов камбек.

„Победа или пораз, сеедно е, ништо нема да ме премисли околу иднината. Останувам во Сити, сигурно. Клубот ми дава максимални услови за работа, а имам и многу блиски луѓе во менаџментот кои постојано ми даваат поддршка. После пораз, никој не вели дека јас сум виновен, туку заеднички бараме решение. Не можам ништо повеќе да побарам од клубот“ – изјави Гвардиола.

- Оглас -

Најнови вести