Гвардиола и официјално останува Граѓанин до 2025 година (Видео)

Англискиот шампион Манчестер сити и официјално објави дека потпишал нов договор со Пеп Гвардиола.

Продолжувањето на договорот беше најавено уште пред неколку недели, но челниците на Манчестер сити сакаа да ја дочекаат паузата во Премиер лигата поради Светското првенство за да ги финализираат сите детали и да го официјализираат договорот со Гвардиола.

https://twitter.com/i/status/1595353818937507842

Гвардиола потпиша нов договор до 2025 година, претходниот договор му истекуваше идното лето, па челниците на тимот сакаа да го решат неговиот статус пред да продолжи сезоната.

Гвардиола во Манчестер сити пристигна во 2016 година, освои четири титули во Премиер лигата, Лига и ФА купот и единствен трофеј што му недостасува е тој од Лигата на шампионите. Граѓаните најблиску беа минатата година, кога играа во финалето, каде што загубија од Челзи со 1:0.

- Оглас -

Најнови вести