Гвардиола и осуммина играчи на Манчестер сити ќе одат на 14-дневен карантин

Пеп Гвардиола, тренерот на Манчестер сити, треба да се подготви на двенеделен карантин кога ќе се врати во Англија. Гвардиола, како и осуммина играчи на Граѓаните си заминаа од Англија, па сега кога ќе се вратат во земјата, ќе мора да го поминат задолжителниот карантин од 14 дена.

Првенството во Премиер лигата е прекинато на средината од минатиот месец и засега нема точна информација ниту одлука кога и дали ќе продолжи. Сите се согласуваат дека доколку првенството не продолжи, тоа ќе значи милионски загуби за сите клубови, а некои може да одат и во банкрот.

Освен Гвардиола и фудбалерите на Сити, во карантин ќе одат и сите останати фудбалери кои ја напуштиле Англија, а во скоро време ќе треба да се вратат во земјата.

- Оглас -

Најнови вести