Гвардиола: Играчите на Сити мора да играат и повредени, како што тоа го правеше Надал цела кариера

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, истакна дека неговите играчи мора да играат низ болка, со оглед на напорниот распоред на Сити и кадровските проблеми.

Каталонскиот стручњак го наведе примерот со легендарниот шпански тенисер Рафаел Надал, кој во текот на кариерата претрпе многу повреди, но долго време освојуваше турнири.

„Има моменти кога треба да бидете внимателни по повредите, но понекогаш мора да играте и покрај здравствените проблеми. Рафа Надал играше со болка во текот на кариерата. Играше со болки и освојуваше грен слем турнири. Во модерниот фудбал треба да се справите и со ова, треба да се игра и со ситна повреда, инаку нема да можете да одржувате распоред со натпревари на секои три дена“, рече Гвардиола.

- Оглас -

Најнови вести