Хосеп Гвардиола играше за Бреша и Рома пред нешто повеќе од 20 години, а сега е успешен тренер и многумина на Апенинскиот полуостров се надеваат дека шпанскиот стручњак би се вратил на Чизмата и би водел некој тамошен клуб, изгледа до такво нешто нема да дојде.
Гвардиола одигра 28 натпревари во Серија А, постигна и три гола, отсекогаш имал посебна врска со Италија, љубител на италијанско вино, во добри односи е со многу легендарни италијански играчи и менаџери, но за враќање таму како тренер, тешко.
Гвардиола во врска со можното назначување на италијанската прва лига минатата година рече:
„Поминав две години во Италија. Имам многу пријатели таму, особено во Бреша. Секоја убава работа што се случува во Италија ме прави среќен, но мислам дека повеќе би сакал да одам на одмор во Италија, отколку да работам како тренер“.
Пеп беше поврзуван со трансфер во Јувентус во 2019 година, една година по потписот на Кристијано Роналдо. Гвардиола тогаш на крајот остана во Манчестер сити, додека Јувентус го донесе Маурицио Сари.
Договорот со Граѓаните му истекува во јуни 2025 година, а Гвардиола рече дека ќе се пензионира ако Манчестер сити го повтори успехот од минатата сезона и освои тројна круна. Клубовите од Серија А ја немаат ни немаат финансиската сила да го убедат најдобриот тренер да им се приклучи во нивната лига.
Укинувањето на една финансиска одредба од законите во Италија, донесена во јануари дополнително ги намали шансите на клубовите од Серија А да привлечат големи играчи и тренери од странство, со заштеда на 50% од нивната бруто плата.
Ако во минатото овој закон им помагаше на клубовите од Серија А да потпишат големи ѕвезди како што е Кристијано Роналдо, италијанските клубови повеќе не можат да се потпираат на финансиска помош од Владата од 2024 година, што дополнително ги намалува нивните шанси да го добијат и еден од најдобрите тренери во историјата на играта.