Реал Мадрид и Манчестер сити синоќа одиграа спектакуларен натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампионите (3:3), а менаџерот на Граѓаните освен од мечот, по дуелот беше импресиониран и од реновираниот „Сантијаго Бернабеу“.
Реал Мадрид потроши 1,76 милијарда евра за реновирањето на „Сантијаго Бернабеу“, но Гвардиола најде една „замерка“ за новиот стадион.
„Новиот „Сантијаго Бернабеу“ навистина е фантастичен, атмосферата беше неверојатна, иако јас повеќе посакувам кога се гледа небото и единствено тревата беше малку висока. Флорентино Перес би можел само неа малку да ја „поправи“, изјави Гвардиола.
https://twitter.com/FootballTalkHQ/status/1777932337738555662
Менаџерот на актуелниот европски шампион е оптимист пред реваншот кој ќе се игра во Манчестер идната среда.
„Идната недела ќе ги имаме нашите навивачите со нас, стадионот ќе биде распродаден. Нашите навивачи нека ни помогнат да постигнеме еден гол, а останатото ќе го направиме ние“, смета Шпанецот.