Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, има план како да го доведе Бразилецот Родриго на „Етихад“. Сега, кога во Мадрид ќе пристигне Килијан Мбапе, можеби Родриго и нема да има толку голема минутажа. Тоа може да биде клучно во евентуалната одлука за негово заминување, иако има долгорочен договор со Кралевите.
Финалето на Суперкупот на Европа и првите натпревари од Ла Лига ја отсликале ситуацијата бидејќи тогаш веќе ќе биде јасно што планира Карло Анчелоти со Бразилецот. Доколку не биде во првите 11, тогаш Сити ќе има добра причина да тргне во офанзива.
Од „Етихад“ се подготвени на Реал Мадрид да му ги отстапат правата за 29-годишниот Португалец Бернардо Силва и да платат дополнителни 40 милиони евра.
Португалецот, кој со Манчестер сити ја освои Лигата на шампионите и дури шест титули во Премиер лигата, претходно беше поврзуван со Барселона, а се верува дека Пеп Гвардиола е подготвен да се откаже од него. Сепак, се поставува прашањето дали овој играч му е потребен на Реал Мадрид, особено поради големиот избор на одлични играчи во средниот ред.