Гвардиола има порака за газдата на Челси: Немој да го отпуштиш Потер

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола беше задоволен по втората победа на неговите фудбалер против Челси во само три дена а по натпреварот му даде поддршка на менаџерот на Сините, Греем Потер.

Вечерва, Граѓаните славеа со 4:0 и обезбедија пласман во четвртото коло од ФА Купот. Иако Гвардиола го промеша тимот, ги остави ѕвездите како Де Брујне и Халанд на клупата, без проблеми ги совлада Сините и тоа благодарение на двата гола на Марез, како и на Алварес и Фоден кои дадоа по еден.

„Се беше како што треба во нашата игра, од првата до последната минута. Игравме со вистинскиот интензитет, успеавме да обезбедиме пласман во следната рунда и задоволни сме“, рече Гвардиола. Имавме соодветен интензитет, минавме и задоволни сме“, изјави Гвардиола.

Гвардиола исто така му даде поддршка на менаџерот на Челси, Греем Потер, кој се најде на удар на навивачите на Сините, но и на јавноста поради слабите резултати. Пеп му упати директна порака на сопственикот на Челси, Тод Боли, да му даде време на Потер да ја надмине резултатската криза.

„Веќе му реков на сопственикот на Челси, мора да му даде време на Потер. Секој тренер мора да добие време и секој тренер заслужува да добие шанса. Јас во Барселона не добив две години само затоа што во тимот го имав Меси“, додаде Гвардиола.

- Оглас -

Најнови вести