Гвардиола: Има поважен трофеј од тој во Лигата на шампиони

Англискиот фудбалски првак Манчестер сити има шанса викендов и официјално да го одбрани тронот во Премиер лигата. Доколку Граѓаните победат во неделното дерби против Челзи, а Арсенал киксира на гостувањето кај Нотингем Форест, тимот на Пеп Гвардиола повторно ќе се радува на шампионскиот пехар во домашното првенство.

Освен во првенството, сити атакува и на трофеите во ФА Купот на Англија и во Лигата на шампиони, затоа што ќе игра во финалињата на овие две натпреварувања. Сити е клуб кој досега никогаш не бил европски првак, па дуелот против Интер во финалето во Истанбул ќе биде историски за нив.

Иако Сити нема освоено ЛШ, Гвардиола смета дека тоа не е најважниот пехар за нив.

„Премиер лигата е најважна за нас. Тоа е натпреварување во кое мора да бидеме на врвно ниво во текот на 10 месеци. Мило ми е што имаме можност да ја освоиме титулата на домашен терен, пред нашите навивачи. Последниот меч секогаш е најтежок, затоа што е полн со емоции“, вели Гвардиола, кој откри дека нема да го гледа денешниот дуел на Арсенал против Нотингем Форест.

- Оглас -

Најнови вести